Достапни линкови

Министерот Попоски се сретна со американски конгресмени


Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска се сретна со висока делегација од Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Делегацијата, предводена од конгресменот од Охајо, Мајкл Тарнер, престојува во работна посета на Македонија.

Од МНР соопштуваат дека на средбата биле поздравени билатералните односи меѓу Македонија и САД, кои ги карактеризира стратешко партнерство, отворен дијалог и пријателство. Биле разменети и мислења за актуелните случувања во регионот на Југоисточна Европа, како и за меѓународните напори во борбата против растечките закани од тероризмот и насилниот екстремизам во светски рамки.

Попоски и американските конгресмени разговаараа и за обезбедување на уште позасилена поддршка на претставниците на американскиот Конгрес во претстојниот период, за да може да се ефектуира поканата за членство на Македонија во НАТО, се наведува во соопштените на МНР.

XS
SM
MD
LG