Достапни линкови

ОБСЕ реагира на блокадата на интернет во Таџикистан


ОБСЕ реагираше на блокадата на повеќе веб сајтови во Таџикистан. Според Организацијата за безбедност и соработка во Европа, блокадата е репресивна и ги поткопува основните човекови права.

Во соопштението објавено на 7 октомври, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ ги повика властите во Таџикистан да обезбедат неограничен интернет пристап.

„Повторното блокирање на веб-сајтови во Таџикистан во текот на изминатите неколку месеци е загрижувачки и вознемирувачки тренд. Овие видови на акции се на штета на основното човеково право на информирање и на слободата на медиумите“, изјави Мијатовиќ.

Стотици веб-сајтови се недостапни низ Таџикистан од 5 октомври, а голем дел од северен Таџикистан е целосно отсечен од интернет. Пристапот до интерент беше блокиран, откако опозицискоот движење „Група 24“, преку социјалните мрежи повика на протест во Душанбе, на 10 октомври.

XS
SM
MD
LG