Достапни линкови

ММФ - економски раст и пад на невработеноста во Грција


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот извештај за глобалната економија, предвидува економски раст на Грција во текот на следната година, како и намалување на невработеноста.

Во 2015 година Фондот очекува раст на грчката економија од 2,9 проценти, за разлика од растот од 0,6 отсто оваа година, како и инфлација од 0,3 проценти. За 2014-та ММФ прогнозира дефлација од 0,8 проценти.

ММФ исто така предвидува дека невработеноста во Грција во текот на следната година ќе се намали на 23,8 проценти, што би било намалување на стапката од овогодишните 25,8 отсто.

XS
SM
MD
LG