Достапни линкови

Чувар на нуклеарна централа во Индија, убил тројца колеги


Чувар кој работел во нуклеарна централа во Индија, убил тројца свои колеги со огнено оружје, по што властите го уапсиле. Засега не е јасно што го предизвикало нападот. Нападот се случил во базата за безбедност која се наоѓа на околу 10 километри од нуклеарната централа Калпакам, во индиската држава Тамил Наду.
Портпаролот на безбедносните сили изјави дека нападот се случил, откако стражарите се собраа за утринските должности. Притворениот чувар има 24-години и порано бил дел од безбедносните сили. Во нападот се повредени уште двајца чувари, но работата на нуклераната централа не била доведена во прашање.

XS
SM
MD
LG