Достапни линкови

„Елефтеротипија“ - Нимиц ќе понуди нов предлог за името


Медијаторот Метју Нимиц во наредните недели на Атина и Скопје ќе им претстави нов предлог за можно решение за прашањето за името, пишува грчкиот весник „Елефтеротипија“, јави дописникот на МИА од Атина. Весникот се повикува на „сигурни извори“ во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

„Она што ќе го донесе Нимиц, можеби и пред крајот на октомври, ќе бидат пакет предлози кои ќе вклучуваат нова верзија на името и многу други теми: иредентизам, јазик итн.. “, пишува весникот.

XS
SM
MD
LG