Достапни линкови

Караџиќ очекува да биде ослободен


Радован Караџиќ

Радован Караџиќ

Поранешниот лидер на босанските срби Радован Караџиќ изјави дека очекува да биде ослободен за сите воени злосторства за кои му се суди на Хашкиот трибунал. „Мојата совест е чиста. Војната не се случи по моја желба“, изјави Караџиќ на крајот од петгодишниот процес во Хаг. Пресудата се очекува за неколку месеци. Обвинителството бара доживотен затвор наведувајќи дека Караџиќ ја оркестрирал кампањата против несрпското население за време на војната во Босна. Притоа загинаа над 100 илјади луѓе додека над 2 милиона беа расселени.

XS
SM
MD
LG