Достапни линкови

logo-print

Kурдски демонстранти поради напредувањето на ИД во Сирија


Најмалку едно лице денеска загина во југоисточна Турција кога полицијата се судри со неколку стотина курдски демонстранти кои протестираа поради напредувањето на милитантната организација Исламска држава и заземањето на делови од градот Кобане во Сирија.

Турскиот весник објави дека демонстрантот загинал од куршум кога се нашол во вкрстен оган, додека телевизијата НТВ јави дека тој е погоден во глава кога полицијата употребила солзавец за растерување на демонстрантите.

Во Истанбул и шест други турски градови полицијата се судри со демонстрантите кои протестираа поради напредувањето на ИД.

XS
SM
MD
LG