Достапни линкови

logo-print

Грците ги прекинуваат преговорите за Кипар


Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис ќе го прекине процесот на преговори за обединување на островот, како одговор на плановите на Турција да ги испитува наоѓалиштата на нафта и природен гас во морето, за кои кипарската Влада веќе издала решенија за истражување на некои компании.

Портпаролот на кипарската Влада, Никос Христодулидис истакна дека денешната одлука на Анастасиадис е резултат на „провокативните и агресивни“ акции на Турција со кои се кршат суверените права на Кипар и се крши меѓународното право.

Портпаролот Христодулидис не прецизира кога ќе бидат обновени преговорите, додавајќи оти секое решение ќе зависи од развојот на настаните.

XS
SM
MD
LG