Достапни линкови

Авганистан - петмината силувачи ќе бидат обесени на 8 октомври


Авганистанските власти потврдија дека 5 авганистански мажи, осудени за групно силување на 4 жени во близина на Кабул во крајот на август, треба да бидat обесенi на 8 октомври.

Сите мажи беа прогласени за виновни за киднапирање и напад врз женските членови на група која се враќала во Кабул од свадба во провинцијата.

Случајот предизвика жестоки протести пред Судот во Кабул. Тогашниот претседател Хамид Карзаи повика мажите да бидат обесени дури и пред судењето кое заврши минатиот месец.

XS
SM
MD
LG