Достапни линкови

ММФ ги намали проекциите за глобален раст во 2014/15


Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за 2014-2015.

Повикувајќи се на ризици од украинската криза, судирите на Блискиот Исток, како и појавата на Ебола во Западна Африка, ММФ денеска предвидува 3,3 насто раст во 2014 година и 3,8 во 2015 година.

Според ММФ ескалација на геополитичките тензии меѓу Русија и Украина која резултира со санкции против Москва, би можело да им нанесе сериозен удар на земјите од поранешниот Советски Сојуз.

Руската економија се очекува да порасне за 0,2 насто во 2014 и 0,5 проценти следната година, со пропратен ефект врз економиите кои се потпираат на трговијата со Москва. Украинската економија се предвидува да падне за 6,5 насто оваа година и да се опорави за 1 насто во 2015 година.

XS
SM
MD
LG