Достапни линкови

Војници и цивили убиени во источна Украина


Пет укриански владини војници се убиени, а 28 ранети во источна Украина.
Укрианските воени власти денеска изјави дека со најновите жртви, бројката се искачила на 956 лица убиени во борбите меѓу про-руските сепаратисти и владините сили, кои започнаа во април.

Во меѓувреме, лидерите на бунтовницте соопштија дека седум цивили загинаа во најновите борби. Судирите во Украина продолжуваат и покрај потпишувањето на прекинот на огнот на 5 септември.

А источниот дел на Украина продолжува да добива помош. Конвој од 112 камиони кои носат германска помош влегле во Украина од Полска, соопшти официјален Берлин. Помошта вклучува мобилни кујни, опрема за греење, генератори, зимска облека и ќебиња.

XS
SM
MD
LG