Достапни линкови

logo-print

Ердоган - Кобане секој момент може да биде заземен од ИД


Кобани.

Кобани.

Сирискиот град Кобане „секој момент ќе падне“ во рацете на џихадистите, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој нагласи дека е неопходна копнена операција за спречување на понатамошни акции на Исламска држава.

„Тероризмот нема да биде запрен додека не направиме соработка за копнена операција. Поминаа неколку месеци и немаме никаков резултат. Кобане секој момент ќе падне, изјави Ердоган во обраќање до сириски бегалци во камп во Газиантеп во јужна Турција.

Турскиот претседател повтори дека државата итно ќе реагира на каква било закана врз гробницата Сулејман шах, што се наоѓа во северна Сирија и која Анкара ја смета за турска територија.

XS
SM
MD
LG