Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат борбите во Кашмир


Продолжува размената на оган меѓу индиските и пакистанските војници во регионот Кашмир, по борбите во кои загинаа девет цивили. Според извештаите, војниците разменувале оган со часови во текот на ноќта, при што загинал еден Пакистанец, а најмалку 22 други луѓе се повредени на двете страни.
Во вчерашните борби загинаа девет цивили, а илјадници селани ги напуштиле домовите. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за провокации. Ова е едно од најлошите повреди на примирјето меѓу соседите склучено во 2003 година.



XS
SM
MD
LG