Достапни линкови

logo-print

Завршена е аутопсијата на телото пронајдено во Егејското море


Аутопсијата на телото кое беше пронајдено крај островот Карпатос ги потврди информациите дека има сличности со Македонката Дениса Маркоска која исчезна од брод на 12 септември. Извори од македонското МНР вчера соопштија дека грчката полиција ги информирала дека е најдено тело кое според описот кореспондира на исчезнатата.

Родителите на Маркоска за некои медиуми потврдиле дека од нив е побаран примерок од ДНК, со чија анализа ќе се утврди или ќе се демантира дали се работи за исчезната 23 годишна Македонка.

XS
SM
MD
LG