Достапни линкови

logo-print

Турција - демонстранти се судрија со полицијата поради Кобани


Во неколку турски градови демонстранти се судрија со полицијата. Демонстрантите протестираат поради недостаток на акција од страна на власта против милитантите на Исламската држава во Кобани. Во меѓувреме во пограничниот град Кобани се водат борби меѓу курдските борци и милитантите на ИД, откако милитантите зазедоа стратешки позиции во градот.
Медиумите јавуваат за протести во Истанбул и во источните, главно курдски градови, Дијарбакир и Мардин, по повикот од Курдистанската работничка партија до приврзаници да излезат на улиците. Протести има и во Европската унија, преку кои се бара од меѓународната заедница да направи повеќе за да се одбрани Кобани од милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG