Достапни линкови

Најмалку 5 милитанти убиени во Пакистан


Најмалку пет милитанти се убиени во ракетен напад од американски беспилотни летала во северозападниот дел на Пакистан. Безбедносни власти соопштија дека нападот се случил денеска во племенската област Јужен Вазиристан. Околу 10 осомничени милитанти беа убиени во слични напади во истата област претходните два дена.

Пакистанската армија започна офанзива во јуни во Северен Вазиристан за да ја исчисти областа од Талибанци и други бунтовнички групи. Според пакистанските власти убиени се повеќе од 1.000 милитанти, а 100 војници загинале за време на операцијата. Сепак, Исламабад се противи на нападите од американските беспилотни летала, велејќи дека тие ги кршат суверенитетот и се контрапродуктивни во борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG