Достапни линкови

Тројца Јапонци добитници на Нобеловата награда за физика


Нобеловиот комитет за физика денеска соопшти дека Нобеловата награда за физика оваа година им се доделува на тројца научници кои потекнуваат од Јапонија. Добитници се физичарите Исаму Акасаки, Хироши Амано и Шуџи Накамура. Наградата им се доделува за нивната работа во развивањето на диоди кои зрачат сина светлина - или LED диоди. Наградата изнесува 1, 1 милион долари. Нобеловиот комитет денеска соопшти дека работата на наградените научници помогнала да се направат извори на високо енергетска ефикасна бела светлина, која им е на располаѓање меѓу другото и на „паметните телефони“.

Диодите кои емитуваат црвена и зелена светлина се достапни со децении, но има револуција во развојот на сини LED диоди, велат од Комитетот.

XS
SM
MD
LG