Достапни линкови

Киргистан ќе забранува геј „пропаганда“


Анти-геј протест во Киргистан.

Анти-геј протест во Киргистан.

Парламентарната комисија во Киргистан денеска одобри нацрт закон со кој треба да се забрани геј „пропаганда“. Изготвувачите на предлгот велат дека ќе го достават до Парламентот за расправа, за да може да премине во закон. Со законот се бара „пропагандата на нетрадиционални сексуални односи“ за се казнува со една година затвор. А на одговорнот ќе бидат повикани и новинарите кои придонесуваат за пропагирање на хомосексуални односи.
Предлог-законот, предвидува да се забрани формирање на групи кои ќе ги бранат правата на припадниците на ЛГБТ заедница. Изготвувачите на предлогот, велат дека тој има за цел да ги зачува
традиционалните семејни вредности и да им застане на патот на идеите за легализација на истополовите односи, за кои велат дека се пропагирани од Западот.

XS
SM
MD
LG