Достапни линкови

МОФ - државниот испит нема да го подобри квалитетот на високото образование


Младинскиот образовен форум смета дека државниот испит во високото образование нема да го подобри квалитетот на високото образование. Ставот на МОФ е дека образовните власти повторно не пристапуваат стратешки кон решавање на предизвиците во високо образование, односно недостасува лоцирање на јасен проблем, кој државниот испит како решение би требало да го отстрани. Дополнително, повторно недостасува вклучување на засегнатите страни во првите фази од креирање на оваа јавна политика со што се доведува во прашање нејзината оправданост и легитимност, велат од МОФ.

„Воведувањето на државниот испит е во конфликт со уставно загарантираните норми, со член 44 и 46 од Уставот на РМ, односно правото на обрзование и загарантираната автономија на универзитетите“, велат од МОФ.

Според нив она што загрижува е фактот што санкцијата за евентуално лош квалитет на високото образование ќе падне единствено врз студентот.

XS
SM
MD
LG