Достапни линкови

Мјанмар вети дека ќе ослободи илјадници затвореници


Властите во Мјанмар ветија дека ќе ослободат илјадници затвореници еден месец пред да се одржи Самитот на Југоисточна Азија, на кој се очекува да присуствува и американскиот претседател Барак Обама.

Претседателот на Мајнмар Теин Сеин помилува 3073 затвореници заради „мир и стабилност“ и „владеење на правото“, пишува на веб страната на Министерството за информации. Владата не соопштила кои затворениците ќе бидат ослободени, но се верува дека речиси сите од нив биле затворени за обични кривични дела, а не за нивната политичка активност.

Невладината Асоцијација за помош на политички затвореници рече дека амнестијата не ги вклучува сите политички затвореници.

XS
SM
MD
LG