Достапни линкови

Милитантите и курдските борци се борат во Кобани


Милитантите на Исламската држава и курдските борци се борат на улиците на Кобани, еден ден откако милитантите ги зазедоа стратешките позиции на овој пограничен град.

Милитантите на ИД напреднаа до јужните и западните делови од сирискиот крад во кој живеат претежно Курд. Тие зазедоа и неколку згради од градот кој се граничи на север со Турција.

Преку границата, пак, турските воени сили ги спречувале курдските жители од Кобани да пребегнат во југоисточна Турција, велат извештаите. Сведоците велат дека воени авиони од коалицијата предводена од САД можеле да се чујат во текот на ноќта како летаат над Коабани, пред да извршат воздушни напади пред зори. Но сириските курдски борци изјавија дека воздушните напади не ја запреле офанзивата на милитантите.

XS
SM
MD
LG