Достапни линкови

Мајкл Фелпс суспендиран на шест месеци


Американската пливачка федерација донесе одлука да го суспендира Мајкл Фелпс на шест месеци поради тоа што бил уапсен за возење во алкохолизирана состојба.

Најтрофејниот спортист во историјата на Олимписките игри на натпревари ќе може да учествува дури на 6 март следната година кога му истекува суспензијата.

Американскиот пливач за инцидентот се извини на јавноста и вети дека за време на казната ќе поработи на својата рехабилитација.

Тој се повлече по ЛОИ во Лондон 2012 година, но неодамна изрази желба повторно да се натпреварува, а како предизвик ги посочи Игрите во Рио 2016 година.

XS
SM
MD
LG