Достапни линкови

logo-print

Израел протестира заради намерата на Шведска


Aмбасадорот Карл Магнус Несер.

Aмбасадорот Карл Магнус Несер.

Израелското Министерство за надворешни работи го повика шведскиот амбасадор во знак на протест поради намерата на Шведска да ја признае државата Палестина.

Министерството соопшти дека го повикале амбасадорот Карл Магнус Несер, откако новоизбраниот премиер Стефан Лоефен минатата недела објави дека неговата влада планира да ја признае Палестина како суверена држава.

Израелските власти го предупредиле шведскиот министер дека таквиот потег нема да придонесе за односите меѓу Израел и Палестина, туку ќе ги влоши.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно ја осуди изјавата на Лоефен, а пак палестинските власти ја поздравија.

XS
SM
MD
LG