Достапни линкови

Откриени 37 илегални мигранти од Сирија


Архивска фотографија - мигранти од Сирија откриени во Велес, 31 август 2014.

Архивска фотографија - мигранти од Сирија откриени во Велес, 31 август 2014.

МВР откри организирана криминална група во Македонија, како дел од меѓународна организирана криминална мрежа, инволвирана во активности со криумчарење на мигранти, соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Во акцијата се приведени девет лица, додека три не се достапни за органите на прогонот. Извршени се претреси во Скопје, Куманово и село Ваксинце, на коишто живееле или престојувале дел од членовите на криминалната група. Во Ваксинце пронајдени се вкупно 37 илегални мигранти од Сирија. За транзит низ Македонија се плаќало по 1.500 евра од мигрант, а трансферот на пари од криминалната група во Грција до Македонија и Србија се вршела преку Вестерн Унион.

XS
SM
MD
LG