Достапни линкови

logo-print

НАТО загрижен за нарушувањата на прекинот на огнот во Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата е многу загрижена поради бројните нарушувања на прекинот на огнот во Украина. На првата негова посета во странство, новиот шеф на НАТО во Варшава рече дека „задача број еден“ на НАТО е зајакнување на безбедноста на членките и „поддршка за независна, демократска и прозападно ориентирана Украина“. Рускиот Совет за безбедност денеска оцени дека прекинот на огнот во Украина е кревок, особено во областите околу аеродромот во Доњецк. Столтенберг во Варшава вети дека ќе се одржи „континуираното присуство и активност“ во источниот дел на Алијансата. Во изјава за полската државна телевизија ТВП објавена вчера, шефот на НАТО вели дека Алијансата може да ги распореди своите војници каде сака, и со тоа можеби го доведе во прашање ветувањето кон Русија од 1997 година дека нема постојано да распоредува значителен број борбени сили во членките од Источна Европа.

XS
SM
MD
LG