Достапни линкови

Јанкулоска - Нема точна бројка на лица кои заминале во кризните жаришта


Не можеме да дадеме бројка, бидејќи никој во светот нема таква евиденција за лицата кои заминале на кризните жаршта, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната прес-конференција. Бројките што се споменуваат во јавноста се повеќе проценки на безбедносните служби врз основа на разменетите информации, меѓутоа никој не може да тврди дека тоа е прецизна бројка која произлегува од некаква евиденција, бидејќи таква евиденција никаде не се води, вели Јанкулоска.

Единствената бројка за која со сигурност може која било држава да зборува, вклучувајќи ја и Реублика Македонија, потенцира таа, е бројката на лица за кои има информација дека се државјани на Република Македонија, а загинале на боиштата во кризните реигони.

XS
SM
MD
LG