Достапни линкови

logo-print

Претставен предлог-буџетот на Грција за 2015 година


Грција годинава ќе пријави примерен буџетски суфицит од две проценти, што е повеќе од целта од 1,5 отсто од БДП што беше поставена во рамките на договорот за финансиска помош со ЕУ и ММФ, стои во предлог-буџетот на Грција за следната година, кој денеска беше поднесен во Парламентот, јавува МИА.

Атина, исто така, предвидува нејзината економија да излезе од шестгодишната рецесија и годинава ќе има раст од 0,6 проценти, во согласност со претходните предвидувања.

Во однос на невработеноста, во 2015 година се очекува да падне на 22,5 проценти од 24,5 колку што достигна годинава.

Буџетските проценки за 2015 година предвидуваат и намалување на солидарниот данок за 30 отсто, а исто толку проценти ќе се намали и данокот на нафтата за греење.

Предлог-буџетот на Грција за 2015 година не вклучува нови мерки за штедење.

XS
SM
MD
LG