Достапни линкови

Турција направи грешка со блокирањето на Твитер


Турција направи грешка блокирајќи го пристапот до Твитер, изјави турскиот министер за евроинтеграции, Волкан Бозкар во врска со воведената забрана во март за пристап до социјалната мрежа во земјата.

„Сакав да не го блокираме Твитер. Тоа беше погрешна одлука. Сега се обидуваме да го поправиме тој погрешен потег“, изјавил Бозкер.

Турција го блокира пристапот до Твитер на 20 март, откако тогашниот премиер, а сегашен претседател Реџеп Тајип Ердоган вети дека ќе ја забрани социјалната мрежа, предизвикувајќи остри реакции во земјата и странство. Пристапот до Твитер беше блокиран пред локалните избори, кои се одржаа на 30 март, откако на социјалната мрежа беа објавени аудио записи од телефонски разговори, кои укажуваа на вмешаност на Ердоган и неговото опкружување во корупциски скандал. Владата ја отфрли автентичноста на записите, соопштувајќи дека тие се монтирани со цел да се поткопа власта во Турција.

Пристапот до Твитер беше обновен на 3 април, 24 часа откако Уставниот суд утврди дека со забраната се крши слободата на говор.

Ердоган минатата недела на средба со претставници на комитетот за заштита на новинарите призна дека „од ден на ден станува се поголем противник на интернетот“.

XS
SM
MD
LG