Достапни линкови

Техеран ослободи новинарка, нејзиниот сопруг останува во притвор


Техеран наводно ја пуштил иранската новинарка Јегене Салехи да се брани од слобода, но нејзиниот сопруг, дописникот на Вашингтон пост, Џејсон Резаијан останува во притвор. Салехи работи за весникот Нејшнал на англиски јазик од Обединетите Арапски Емирати. Таа беше во притвор повеќе од два месеци без обвинение. Братот на Џејсон Резаиан, за весникот Нејшнал изјави дека Салехи била ослободена минатата недела и оти двајцата новинари се во добра психичка состојба. Џејсон Резаиан има и американско и иранско државјанство. Тој и неговата сопруга беа уапсени во нивниот дом во Техеран на 22 јули. Комитетот на заштита на новинари од Њујорк соопшти дека во Иран има 35 новинари во затвор и оти е во првите три земји со најмногу затворени новинари.

XS
SM
MD
LG