Достапни линкови

logo-print

Властите да престанат со притисоците врз медиумите


Во случајот со Кежаровски забележуваме дека се кршат и европските и меѓународни новинарски стандарди и всушност сите ние треба да се бориме и ќе го поддржиме, а исто така ќе ги повикаме и властите да престанат со притисоците врз медиумите бидејќи медиумите треба да бидат слободни и да си ја извршуваат работата“, рече претседателот на Европската федерација на новинари Мојенс Блихе Бјерегард.

Со тринаесет препораки за медиумска реформа и независно новинарство во Македонија и силна поддршка и апел за ослободување за новинарот Кежаровски резултираше денешната средба во Скопје на новинари од дваесетина земји. Претседателот на Европската федерација на новинари Мојенс Блихе Бјерегард нагласи дека слободата на новинарството и на медиумите е во основата на секоја демократија и оти во така уредено општество новинарите мора да имаат слобода да истражуваат и да и прикажат на јавноста што навистина се случува.

Во случајот со Кежаровски забележуваме дека се кршат и европските и меѓународни новинарски стандарди и всушност сите ние треба да се бориме и ќе го поддржиме, а исто така ќе ги повикаме и властите да престанат со притисоците врз медиумите бидејќи медиумите треба да бидат слободни и да си ја извршуваат работата.

„Ова што го споменав е само приказ на состојбата во Македонија, меѓутоа забележуваме слични тенденции и во други земји во Европа. На пример, имаме нов закон за медиуми во Унгарија, гледаме што се случува и во Бугарија. Значи навистина има една појава на насилство против медиумите што всушност влијае на основните човекови слободи и права, влијае на демократијата. Во случајот со Кежаровски забележуваме дека се кршат и европските и меѓународни новинарски стандарди и всушност сите ние треба да се бориме и ќе го поддржиме, а исто така ќе ги повикаме и властите да престанат со притисоците врз медиумите бидејќи медиумите треба да бидат слободни и да си ја извршуваат работата“, рече Бјерегард.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, споменувајќи ги случаите со Кежаровски, Зоран Божиновски и казната што треба да му ја плати неделникот Фокус на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, нагласи дека на колегите од другите земји им ги објасниле условите во кои работат македонските новинари.

Објаснивме дека Македонија не е демократска земја, каде што нема демократски институции, каде што владата го контролира парламентот, го контролира судскиот систем, ги контролира медиумите. Практично, во таква ситуација никаде во светот, па ни во Македонија, не може да има демократија.

„Објаснивме дека Македонија не е демократска земја, каде што нема демократски институции, каде што владата го контролира парламентот, го контролира судскиот систем, ги контролира медиумите. Практично, во таква ситуација никаде во светот, па ни во Македонија, не може да има демократија. Затоа ние денеска на Владата на Република Македонија и упатуваме конкретни чекори како да се подобри состојбата со медиумите“, рече Селмани, кој побара од владата да престане и со емитување на кампањи додека не се најде законски начин како да се прави тоа.

Меѓу другите препораки, домашните и меѓународните новинарски организации наведуваат и дека бараат запирање на сите притисоци и неприфатливи ограничувања на независните и критички настроените медиуми и истражување на сите случаи на насилство врз новинари и одговорност за сторителите за да се стави крај на неказнувањето. Инаку, конференцијата која во Скопје ја организираа Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија беше со тема Спроведување на кампањи за новинарски права во Источна Европа.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG