Достапни линкови

Самарас поднесе барање за гласање доверба на грчката Влада


Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска официјално поднесе барање за гласање доверба на Владата. Самарас побара од парламентарниот спикер, Евангелос Мимаракис, да одржи седница за доверба на владата. Таа е закажана за во петок на полноќ, а дебатата ќе почне во среда.

Грчката коалициска Влада има 154 пратеници, а за да и биде изгласана доверба и треба поддршка од само 50 отсто од оние пратеници кои ќе бидат присутни на гласањето. Партиски функционери изјавија дека одлуката да се побара гласање доверба на Владата е диктирана од потребата да се најде излез од притисоците со кои се соочува од страна на тројката меѓународни кредитори, народот, Сириза и луѓе внатре во Кабинетот. Според владини извори, гласањето доверба е неопходно затоа што на тој начин официјална Атина сака да покаже дека земјата има институционална стабилност.

XS
SM
MD
LG