Достапни линкови

Високи казни за дел од обвинетите „шпиони“


Архивска фотографија - Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.

Архивска фотографија - Осомничените од „Шпион“ изведени пред истражен судија.

Една условна и казни од една до 15 години затвор добија обвинетите во случајот „Шпион“, прв од ваков вид во земјата.

Случајот „Шпион“ денеска доби судска разрешница. Една условна и казни од една до 15 години затвор добија обвинетите во случајот, прв од ваков вид во земјата. Највисока казна од 15 години затвор доби првообвинетиот, поранешниот разузнавач Марјан Ефремов, кој според обвинителството бил мозокот на групата која прибирала информации за странски разузнавачки служби. Групата исто така се занимавала со уцени, изнуди и измами.

Судијата Ѓоко Ристов во образложението на пресудата рече дека доказната документација, која била обемна, е потврда за делата на обвинетите.

Судијата Ѓоко Ристов во образложението на пресудата рече дека доказната документација, која била обемна, е потврда за делата на обвинетите.

Дел од доказите, пронајдени во случајот „Шпион“.

Дел од доказите, пронајдени во случајот „Шпион“.

Поранешниот генерал Горан Стојков е осуден на девет години за четири кривични дела, меѓу кои злосторничко здружување, недозволено држење оружје и изнуда. На одлуката на Судот, Стојков бурно реагираше и влезе во вербален конфликт со обвинителката и истакна дека пресудата е политички мотивирана.

Според обвинението, групата се формирала како злосторничко здружение во 2009 година, а функционирала сè до 2012 година. Групата за стекнување на материјална корист им одавала државни тајни на грчките и унгарските тајни служби.

Поранешниот директорот на Управата за спречување на пари и корупција, Ване Цветанов доби 3 години, при што беше ослободен од обвинението за шпионажа. Поранешниот шеф на кабинет на претседателот на Парламентот, Марјан Маџовски е осуден на една ипол година затвор за злосторничко здружување и обид за уцена. Најниска казна од една година затвор доби Георги Хаџи Мицев. Само на еден од обвинетите, Слободан Милошовски му беше изречена условна казна, бидејќи ја призна вината за уцена.

Петорица од обвинетите правосилноста на пресудата ќе ја дочекаат на слобода, додека на останатите притворот им беше продолжен. Според обвинението, групата се формирала како злосторничко здружение во 2009 година, а функционирала сè до 2012 година. Групата за стекнување на материјална корист им одавала државни тајни на грчките и унгарските тајни служби.

Постапката за новинарот Зоран Божиновски, кој исто така беше обвинет во случајот се води посебно, бидејќи е недостапен за судот. Процесот против него ќе започне кога ќе биде екстрадиран од Србија во Македонија. Српскиот суд неодамна го одби барањето за негова екстрадација, поради тоа што тамошните власти се сомневаат оти Божиновски ќе добие правично судење. Адвокатите по пресудата не сакаат да коментираат, при што имаат рок од 30 дена да се жалат до повисок суд.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG