Достапни линкови

Ваши коментари - Името и просечната плата


Интервјуто со британскиот амбасадор Чарлс Гарет и нашата анализа за просечната плата во Македонија им го привлекле вниманието на читателите.

Неделното интервју на Радио Слободна Европа на македонски со британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет, уште веднаш предизвикало неколку ваши коментари, почитувани, а верувам, во текот на неделата ќе има уште.

Каква е таа негова теорија за отстапки од двете страни, кога се знае дека само од Македонија се бараат отстапки.
Коментар за читател.

Два се во врска со неговото мислење дека спорот за името треба да се реши со компромис при што на тест ќе бидат флексибилноста, лидерството и храброста. Ице од Канада кратко напишал: „Прекин на преговорите. Точка“, а Ленин од Америка бара амбасадорот Гарет да му објасни „каква е таа негова теорија за отстапки од двете страни, кога се знае дека само од Македонија се бараат отстапки“.

Ако СДСМ во 90-те ги распродаде фабриките, ДПМНЕ ги распродава работниците за ужасен минималец.
Коментар од читател.

​Што се однесува до домашните проблеми, по нашиот текст „Просечна плата имаат само 100 илјади луѓе“ коментирал Миле од Прилеп дека „8.800 е минималната плата, но и таа е далеку од основните потреби на еден човек“, а Перо само напишал дека „Ако СДСМ во 90-те ги распродаде фабриките, ДПМНЕ ги распродава работниците за ужасен минималец“.

Закажаниот па одложен штрајк во образованието продолжува да ги бранува вашите духови, почитувани, па за денеска избравме два коментари прилично карактеристични за нашето јавно мислење кое е поделено по речиси сите прашања, па и по ова: Маре од Скопје напишала дека овие 8 години се само последица, а не и причина за состојбите, а Анонимен искоментирал: „Срамота невидена, на ваква власт и Гебелс би и позавидел“.

Во врска со информацијата дека насила изгонетите новинари од Собранието на 24 декември пред две години се жалат до Судот за човекови права во Стразбур, Незабеган напишал дека тој случај треба до бесвест да се интернационализира до сите меѓународни организации за да се влијае врз одземањето на препораката за почнување преговори за членство, а со тоа да се увиди дека покрај противењето на Грција, проблемите со разните слободи прокламирани во меѓународните документи - стануваат сè поголеми и поголеми во Република Македонија.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG