Достапни линкови

Нобеловата награда за медицина во рацете на тројца научници


Џон О’Киф и брачниот пар Меј Бриф Мосер и Едвард Мосер оваа годна се добитници на Нобеловата награда за медицина. Тројцата научници успеале да објасни како мозокот создава „мапа на просторот околу нас и како можеме да се движиме по патот низ сложената животната средина“. Собранието на Нобеловата Академија го опиша ова прашање како проблем кој ги окупирал филозофите и научниците со векови. Наградата изнесува 1,1 милон долари. Со наградата за медицина почнува соопштувањето на добитниците на Нобеловата награда.

Утре и задутре ќе бидат соопштени добитниците на Нобеловата награда за физика и за хемија. Најмногу шпекулации и годинава се плетат околу можниот добитник на Нобеловата награда за мир која се соопштува на 10 октомври. За неа се пријавени рекордни 278 кандидати.

XS
SM
MD
LG