Достапни линкови

Близок соработник на Навални бара азил во Британија


Близок соработник на Алексеј Навални, најголемиот критичар на Кремљ, вели дека поднел барање за политички азил во Велика Британија. Владимир Асхурков, извршен директор на анти-корупцискиот фонд Навални, ја напиша таа информација на Твитер на 6 октомври. Асхурков му помогна на Навални при откривањето на корупцијата меѓу властите и ја финансираше неговата кампања за градоначалник на Москва, минатата година.

Асхурков вели дека против него се води „измислена кривична постапка“ и дека тој се соочува со „притвор, нехумани услови, мачење и нефер судска процедура“, ако се врати во Русија.

Во јуни, Истражната комисија издаде налог за апсење за Асхурков и уште за двајца соработници на Навални, заради финансирањето на неговата градоначалничка кампања.

XS
SM
MD
LG