Достапни линкови

Државните службеници во Хонг Конг се враќаат на работа


Државните службеници во Хонг Конг денеска се вратија на работа, откако се намалија големите продемократски протести кои окупираа голем дел од центарот на градот.

Но стотици демонстранти сепак остануваат на улиците, откако без инциденти помина крајниот рок кој им го даде владата да ги напуштат протестите. Демонстрантите велат дека се преземени чекори за да се започне разговори со Владата за нивните барања, но дека вистински преговори не се започнати.

Активистите бараат изборни реформи, односно при изборот на лидер во 2017 тие, a на Комитетот, близок до Пекинг, да одлучува кој ќе го води Хонг Конг. Тие сакаат централната влада во Пекинг да овозможи целосно слободни избори.

XS
SM
MD
LG