Достапни линкови

Продолжува битката за градот Кобани


Курдски борци поддржани од воздушни напади на меѓународната алијанса предводена од Соединетите држави ги продолжуваат борбите со милитантите на Исламската држава за одбрана на Кобани клучниот град на сириската граница. Според некои наводи, милитантите успеале да освојат дел од стратегискиот рид над Кобани, но нивното напредување било забавено по воздушните напади на сојузниците. Се наведува дека исламистите се наоѓале на само еден километар од градот и оти воздушните напади не биле доволни за да го спречат нивното напредување.

XS
SM
MD
LG