Достапни линкови

logo-print

ГЕРБ води на парламентарните избори во Бугарија


Бојко Борисов

Бојко Борисов

Партијата на десниот центар ГЕРБ на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, според првичните резултати, води на предвремените парламентарни избори што се одржаа вчера. Се очекува оваа партија да добие 33 насто од гласовите или 90 пратеници во парламентот кој има 240 пратенички места. Тоа значи дека ГЕРБ не ќе може и сама да формира влада. Бугарските социјалисти освоија над 16 насто од гласовите, а шест помали партии успеале да го минат прагот од 4 проценти за да имаат свои пратеници во парламентот. До овие избори дојде по оставката на владата предводена од социјалистите во јули годинава по протестите и тешката криза во банкарскиот сектор. Европската унија побара од Бугарија да се откаже од изградбата на рускиот гасовод Јужен тек.

XS
SM
MD
LG