Достапни линкови

Спортски бонтон за учениците


Macedonia - Project Sport etiquette in Mavrovo - 2014

Macedonia - Project Sport etiquette in Mavrovo - 2014

Наставниците и учениците, учесници во проектот, покрај пораката за враќање на традиционалните спортски вредности, нагласуваат дека е многу битно стекнувањето на нови другарства меѓу децата.

Проектот Спортски бонтон чиј покровител е претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, а е организиран од страна на Геостратешкиот институт Глобал и е поддржан од амбасадата на САД во Скопје, со кој се промовира бонтонот во спортот како модел на интегрирање на децата во школската возраст е масовно прифатен кај младите во шесте општини во Македонија каде тој се спроведува. И на спортската манифестација во Маврово, чиј домаќин беше Општина Маврово-Ростуше, евидентиран е голем интерес за традиционалните игри и за дружењето.

Ние сакаме тој начин да го извлечеме на површина и да и дадеме на нашата заедница да види и на некој начин да се бориме да надвладееме над таа информатичка револуција која се случува и во нашето општество и децата да го добијат своето детство.

„Глобалната компјутеризација на целиот систем во Европа и целиот свет наметнува правила децата да живат во својот свет од мали нозе. А, ние се сеќаваме дека нашите генерации растеа поинаку, на начин на кој ние денеска сме тука. Ние сакаме тој начин да го извлечеме на површина и да и дадеме на нашата заедница да види и на некој начин да се бориме да надвладееме над таа информатичка револуција која се случува и во нашето општество и децата да го добијат своето детство“, истакна координаторот на проектот Иван Атанасовски од Институтот Глобал.

Многу битно е и дружењето на овие средби, оценува градоначалникот на општина Маврово-Ростуше, Мукрем Мехмеди.

Мислам дека децата добро се дружат, а нас повозрасните мислам дека овој проект нè враќа во нашето минато. Дружењето сепак е најбитно од сè.

„Многу сум благодарен на организаторите, покривителот –претседателот на државата, потоа на Глобал и на амбасадата на САД во Македонија што ние како општина сме дел од овој проект. Мислам дека децата добро се дружат, а нас повозрасните мислам дека овој проект нè враќа во нашето минато. Дружењето сепак е најбитно од сè“, вели Мехмеди.

Наставниците и учениците, учесници во проектот, покрај пораката за враќање на традиционалните спортски вредности, нагласуваат дека е многу битно стекнувањето на нови другарства меѓу децата.

„Па самите гледате колку децата се воодушевени од спортувањето и дружењето. Вака беше и во Велес, Охрид и другите градови каде што бевме. Овде се склучуваат нови пријателства, што секако е мошне добро“, вели еден од наставниците.

„Јас запознав многу другарчиња. Овде е многу интересно, игрите се прифатливи и сè е добро, денеска и времето е многу убаво во Маврово“, вели ученичка од Ростуше.

Една нејзина другарка од Велес додава:

„И јас сум многу среќна што запознав нови другарчиња. Игрите се многу интересни и многу сум среќна што бев дел од овие активности.“

Овој проект ја постигнува целта. И на спортските активности во Маврово се докажа дека децата можат да се дружат заедно да играат и да стекнуваат нови другарства без разлика на нивната етничка, верска и друга припадност.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG