Достапни линкови

Победа на владејачката коалиција во Латвија


Централната изборна комисија на Латвија соопшти дека централно-десничарската коалициска влада го доби мнозинство гласови на парламентарните избори во земјата. Коалицијата на Партијата за единство на премиерот Лаимдотa Страујума, Сојузот на Зелените и Фармерите и Националниот сојуз освоија речиси 58 отсто од гласовите, соопшти комисијата, по пребројани 95 отсто од гласовите. Индивидуалната партија која освои најмногу гласови е левичарската опозициска партија Хармонија, со 23 отсто. Хармонија привлекува голем дел од нејзината поддршка од руското малцинство во Латвија, кое сочинува една четвртина од 2 милиони жители во балтичката земја. Владата на Страујума е е еден од најгласните поддржувачи на санкциите на ЕУ против Русија во врска со конфликтот Украина. Одѕивот на гласачите бил 59 отсто, соопшти изборната комисија.

XS
SM
MD
LG