Достапни линкови

logo-print

Здравјето на севернокорејскиот лидер Ун е добро


Министер на Јужна Кореја цитираше висок севернокорејски официјален претставник како вели дека нема ништо лошо со здравјето на лидерот Ким Јонг Ун. Министерот за обединување Риуо Кил Џае изјави дека Ким Јнг Гон ја кажал забелешката за време на една од ретките посети на Јужна Кореја. Ким, заедно со уште двајца високи помошници на врховниот лидер на Северна Кореја Ким Јонг Ун, вчера допатуваа во посета на Јужна Кореја за да присуствуваат на затворањето на церемонијата на Азиските игри. Државните медиуми на Северна Кореја минатиот месец, информираа дека Ким Јонг Ун страда од некаков физички проблем. Ким, последен пат беше виден во јавноста на 3 септември, разгорувајќи шпекулации дека му е влошена здравствената состојба. Од јули, тој е виден неколкупати како се движи отежнато.

XS
SM
MD
LG