Достапни линкови

logo-print

Германија испрати хуманитарна помош во Украина


Германското министерство за економска соработка и развој соопшти дека испратило конвој хуманитарна помош со повеќе од 100 камиони во разурнатата источна Украина. Министерот за економска соработка Герд Милер изјави дека конвојот треба да пристигне во источна Украина во средината на октомври. Тој додаде дека конвојот е транспорт на мобилни домови, теренски кујни, радијатори, електрични генератори на енергија, вода и резервоари за гориво, зимска облека, постелнина, камп легла и хигиенски пакети. Милер изјави дека хуманитарната помош е во вредност од околу 12 милиони долари и нејзината намена е да испрати сигнал на солидарност и дека луѓето на Украина може да сметаат на Германија како сигурен партнер. Конвојот е придружен од полската полиција и противпожарните служби.

XS
SM
MD
LG