Достапни линкови

logo-print

Претседателски избори во Бразил


Со повеќе од 142 милиони луѓе регистрирани да гласаат, во Бразил денеска се одржуваат претседателски избори. Претседателката Дилма Русеф, која се кандидира за втор четиригодишен мандат, се смета за фаворит. Нејзини главни ривали се поранешниот министер за животна средина Марина Силва и централно-десничарскиот кандидат Аечио Невес, кој е гувернер на државата Минас Жераис. Анкетите покажуваат дека Русеф води пред Невес и Силва за околу 20 процентни поени, иако за освојување на мнозинство таа ќе треба да го избегне втоиот круг на 26 октомври. Работничка партија на Русеф претседателствува од изборот на нејзиниот претходник и ментор Луиз Инацио Лула да Силва од 2002 година. Резултатите се очекуваат да бидат познати по затворање на гласачките места во западниот дел на. Гласањето е задолжително за Бразилците на возраст од 18 до 70 и по желба за оние на возраст од 16 или повеќе од 70.

XS
SM
MD
LG