Достапни линкови

Пакистанските Талибанци ветија поддршка за ИД


Пакистанските Талибанци ветија дека ќе испратат борци да им помогнат на милитантите на Исламската држава во Ирак и во Сирија. Во електронска пошта испратена до новинските организации, портпаролот на групата Тахрек-е Талибан во Пакистан која беше формирана во 2007 година и важи за сојузник на Ал Каеда, ги повика сите џихадистички организации кои се борат на Блискиот Исток да се обединат за поголемо добро. Портпаролот Шахид за француската новинска агенција изјвил дека неговата група ќе испрати меѓу 1.000 до 1.500 борци во регионот досега. "Ние ќе продолжиме со испраќање муџахедини за да им помогне на милитантите на Исламската држава, бидејќи сметаме дека оваа организација е направена за да им служи на исламот" , изјавил Шахид. Аналитичарите веруваат дека Исламската Држава настојува да се прошири во Пакистан, каде што нејзините напори досега се ограничени на дистрибуција на памфлети во некои пазари на северозападниот град Пешавар.

XS
SM
MD
LG