Достапни линкови

Исламската држава продолжува со нападите во Кобани


Милитантите на Исламската држава продолжија да фрлаат ракети кон сирискиот град Кобани на границата со Турција и покрај новиот бран воздушни напади на Соединетите Држави. Коалицијата предводена од воени авиони на САД погодија цели на Исламска Држава во текот на ноќта со цел да ги запрат милитантите. Претходната акција на воздушни напади не успеаја да ја запре офанзивата на милитантите и околу 180.000 луѓе побегнаа преку границата во Турција за да избегаат од борбите околу Кобани. Турскиот претседател Таип Ердоган остро реагираше на изјавата на американскиот заменик-претседател Џо Бајден укажувајќи на тоа дека Турција поддржува групи во Сирија поврзани со Ал-Каеда. Бајден, како што се вели во соопштението му се извинил на Ердоган за коментарите. Во меѓувреме, турските Курдски демонстранти и курдските бегалци од Сирија се судрија со турските безбедносни сили на границата.

XS
SM
MD
LG