Достапни линкови

logo-print

Предвремени парламентарни избори во Бугарија


Во Бугарија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, втори од тој вид во изминатите 17 месеци. Според анкетите, Граѓани за европски развој на Бугарија имаат најмногу шанси за победа додека на второ место може да бидат социјалистите, а трети турската малцинска партија Права и слободи. Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов беше премиер на државата од 2009 година кога се случија масовни протести против сиромаштијата и високите цени на енергенсите и тој во 2013 година поднесе оставка. На предвремените избори во 2013 година ГЕРБ повторно победи, но Борисов не формира влада. Технократска влада формираа социјалистите и МРФ, чиј премиер беше Пламен Орешарски. Владата на Орешарски траеше 14 месеци. Според анкети, ГЕРБ на денешните избори би освоил околу 37 отсто гласови, социјалистите 22-23 отсто и МРФ околу 13 проценти. Не е извесно дали Борисов во случај на победа ќе може да формира влада бидејќи би имале 98-100 места во 240-члениот парламент.

XS
SM
MD
LG