Достапни линкови

Продолжуваат борбите кај Доњецк


Проруските сепаратисти во источна Украина продолжуваат со обидите да го превземат аеродромот во Доњецк од владините сили и покрај јавните повици од Москва за двете страни да се придржуваат кон договорот за месечно примирје. Артилеријата и ракетните напади во борбите се интензивираа во текот на минатата недела и достигнаа ескалација денеска. Украинскиот воен портпарол Андриј Лушенко изјави дека 12 сепаратисти се убиени, заедно со двајца владини војници, за време на нападите врз објектот во текот на изминатите денови. Засега ниту една страна не е подготвена за спроведување на прекинот на огнот со повлекување од битката и создавање на 15 километри тампон зона помеѓу линиите на фронтот.

XS
SM
MD
LG