Достапни линкови

logo-print

Лавров: Да се одржи прекинот на огнот во источна Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговарал со американскиот државен секретар Џон Кери во врска со потребата за одржување на прекин на огнот во источна Украина. Лавров повика на "строга согласност" со договорот за прекин на огнот потпишан на 5 септември во Минск, како и крај на бомбардирањето во станбените области на Доњецк - кои се под контрола на про-руски сепаратисти. Во меѓувреме, руското министерство за надворешни работи потврди дека бомбата која уби работник на швајцарскиот Црвен крст во Доњецк на 2 октомври била исфрлена од територијата контролирана од страна на украинските владини сили. Во соопштението, министерството го опиша убиството на работникот Лорен Дупаскир како убиство.

XS
SM
MD
LG