Достапни линкови

Два милиони верници на аџилак


Стотици илјади муслимански верници се упатија кон долината Мина во Саудиска Арабија за симболичното каменување на ѓаволот , што се смета за финалниот ритуал од годишниот аџилак. Верниците облечени во бело, денеска фрлаа камчиња на бетонски столбови кој го претставуваат ѓаволот. Ритуалот се совпаѓа со првиот ден на Курбан Бајрам, кој се празнува од страна на муслиманите низ целиот свет со принесување жртви на овци , кози, како и други животни. Според официјалните статистички податоци, овогодинешниот аџилак привлекол два милиони аџии. Аџилакот фицијално завршува на 7 октомври.

XS
SM
MD
LG