Достапни линкови

Продолжува дијалогот меѓу Северна и Јужна Кореја


Северна и Јужна Кореја се согласија да продолжат со формални разговори на високо ниво кои беа ефикасно суспендирани пред седум месеци. Договорот беше постигнат за време на денешната изненадна посета на Јужна Кореја од страна на севернокорејски официјални лица за завршната церемонија на Азиските игри. Министерството за обединување на Јужна Кореја изјави дека севернокорејските официјални лица изразиле "подготвеност" да го рестартираат дијалогот во периодот од крајот на октомври и почетокот на ноември. Севернокорејската делегација беше предводена од две високи официјални лица, кои се сметаат за блиски соработници на лидерот Ким Јонг Ун. Двете Кореи допрва треба да потпишат мировен договор.

XS
SM
MD
LG